Во првите шест месеци од годинава Европа АД Скопје остварила вкупни бруто приходи од 506.012.842 денари и истите се зголемени за 4,7% во однос на бруто приходите од 2024 година за истиот период, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Вкупните приходи од продажба за период 01.01-30.06.2025 година се зголемени за 1,8% во однос на истите во 2024 година. Приходите од домашен пазар на наши производи се зголемени за 2,5% во однос на минатата година, додека пак приходите од странски пазар се намалени за 0,4% во 2025 година во однос на 2024 година .
Останатите приходи и финансиските приходи се зголемени во однос на 2024 година заради употреба на сопствени добра од фотоволтаична опрема и примена поголема дивиденда по основ на учество во акционерски капитал во друго правно лице, велат од таму.
Европа за овој период остварила добивка од 26.154.922 денари и истата е помала во однос на претходната година за 7,6%.
-Вкупните расходи се зголемени за 5,5% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.06.2025 година се зголемени за 5,6%, а финансиските расходи се намалени за 23,1% во однос на 2024 година, велат од таму.
Фото: Унсплеш