Плусинфо објави фотографија од лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и поранешниот лидер на партијата, Зоран Заев на јахта на вториот крак на Халкидики во Грција.
Според порталот јахтата била во сопственост на Заев, а била закотвена на третиот крак на Халкидики.
Плусинфо објави и фотографии од Филипче и Заев направени во кафеаната „Панос“, а во нивно друштво е кандидатот на СДСМ за градоначалниик на скопската општина Аеродром, Александар Трајаноски.
Фотографиите биле направени вчера.
Познато е дека фамилијата на поранешниот премиер Заев има имот на Халкидики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Плусинфо