(Фото) Грчка општина објави соопштение на македонски јазик

Соопштение на македонски јазик објави грчката општина Касандра која опфаќа области од првиот крак на полуостровот Халкидики, каде се познатите туристички места Ханиоти, Пефкохори, Калитеа, Полихроно…, каде што летуваат голем број македонски граѓани.

Соопштението предизвика позитивни реакци во Македонија, бидејќи не е вообичено кога е во прашање Грција, а со него на неколку јазици, Општината им се обраќа на туристите кои летуваат во тој дел од земјата.

Во него се информира за правилата за заштита на јавниот карактер на плажите и крајбрежјето и меѓу друго се посочува дека чадори, лежалки и друга опрема што без законско право се поставени или се оставаат на јавните плажи, го ограничуваат слободното користење на просторот од останатите посетители, и дека тие треба да се отстранат од страна на сопствениците.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести