Македонските војници добија нови чизми и шлемови во рамките на процесот за модернизација на македонската Армија.
Како што информираа од таму станува збор за опрема за лична балистичка заштита.



Шлемовите се дизајнирани да понудат максимална балистичка заштита и овозможуваат компатибилност со дополнителна опрема за работа во ноќни услови.
-Чизмите се изработени според највисоките стандарди и обезбедуваат максимална издржливост, заштита и удобност при извршување на задачи во различни теренски и климатски услови, велат од таму.
Фото: АРМ














