(Видео) Војникот Христијан Божиновски спречи да се прошири пожар под Кале, во кој изгореа неколку возила

Професионалниот војник Христијан Божиновски, спречил да се прошири пожар кој вчера избувнал на стариот полигон за обука за моторни возила во Скопје, на улицата „Лазар Личеноски“, спроти Националната арена „Тодор Проески“.

За време на интервенцијата, Божиновски се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана медицинска помош.

Како што информираа од македонската Армија, тој при заминување од работното место забележал дека неколку паркирани автомобили се во пламен.

Откако проценил дека постои опасност огнот брзо да се прошири, веднаш побарал поддршка од воениот стадион, по што припадници на Армијата се вклучиле во гасењето на истиот со противпожарни апарати и почнале да ги поместуваат возилата кои сè уште не биле зафатени од пламенот.

Во пожарот целосно изгореа две возила, а три биле делумно оштетени.

Освен припадници на Армијата, интервенирале и три противпожарни возила и осум пожарникари.

Фото: АРМ/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести