Во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, денеска во близина на дивата депонија, избувна пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Има опасност, бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.
ЦУК веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен.
Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон,“ велат од ЦУК.
Во моментов се интервенира од страна на екипи на БППЗ на Град Скопје како и авион Ер Трактор на ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Приведен сопственикот на отпадот за старо железо во Визбегово, каде изби пожар
Фото: еМагазин.мк/Унсплеш