(Фото) Семејството на загинатиот 13-годишен фудбалер Аган му подари топка на Давид, кој што постигнатиот гол му го посвети нему

Емотивни сцени беа забележани во прилогот на телевизијата Open TV, каде семејството на трагично загинатиот фудбалет Аган Асани од Черкезе го посети младиот Давид Докмановиќ, кој со натпис на својата маица го посвети постигнатиот гол токму на Аган.

Во знак на благодарност и почит за неговиот гест, семејството на Аган дојде во домот на Давид и му ја подари фудбалската топка со која Аган играл, претворајќи ја средбата во момент исполнет со силни емоции, солзи, но и искрена човечност.

Оваа приказна е потсетник дека болката не познава поделби, а солзите на сите луѓе имаат иста тежина. И покрај тагата, семејството Асани покажа големина и достоинство, испраќајќи порака дека човечноста и љубовта се над секоја вера, нација или разлика.

Малиот Давид, со својот гест, но и со воспитувањето што го носи од дома, покажа што значи вистински соживот. Од друга страна, семејството на Аган докажа дека добрината не се учи преку ноќ, туку се носи во срцето.

Ова се моменти што враќаат верба дека е можно да живееме заедно, со почит и разбирање, не само во време на трагедии, туку и во секојдневието.

Ако некој може да нè научи како да бидеме подобри луѓе, тоа се децата – најчистите суштества на овој свет.

Извор: Фејсбук профил Хуманитарни турнири/Фото: Open TV и Unsplash

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загинатото 13-годишно дете било фудбалер на ФК Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести