Членовите на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД, од Демократската партија, објавија фотографии од доситето на ФБИ за осудениот педофил Џефри Епстин, кој наводно се самоуби додека беше во затвор.
На истите се појавуваат бројни познати светски влијателни личности од политиката и бизнисот, како актуелниот претседател Доналд Трамп, за кој веќе е познато дека пред неколку години се дружел со Епстин, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, бизнисмените Бил Гејтс и Ричард Бренсон, британски принц Ендру Маунбатен Винзор, поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон, режисерот Вуди Ален…










Од досега објавените стотина фотографии од вкупно над 95 илјади, нема експлитицни, кои алудираат на незаконско однесување, но докажуваат во колку високи кругови се движел Епстин.
Објавена е и фотографија со сексуални играчки, како и со „Трамп кондом“.
Трамп, прашан за фотографиите изјави дека Епстин бил фигура препознатлива за сите во Палм Бич, Флорида.
„Тој има фотографии со сите. Има стотици и стотици луѓе кои имаат фотографии со него. Не е ништо посебно“, рече Трамп.
Фото: House Oversight Committee/Capital Pictures/picture alliance/видео: NBC News












