Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започнал увидот по пожарот во фабриката „Винчини” на „Макпрогрес“ во Виница, информираа од таму.
Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат.
„Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот. Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер.
Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот,“ велат од Обвинителство.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Обвинителство














