(Фото) Во Грција по 27 години бегство уапсен Ацо Боцевски „Циганот“

По 27 години бегство во грчкиот град Катерини денеска е уапсен Ацо Боцевски познат под прекраот „Циганот“, кој Македонија го бараше со меѓународна потерница.

Информацијата ја потврдија од македонското Министерство за внатрешни работи, од каде информираа дека за тоа ги информирале грчките колеги.

Боцевски е осуден за убиството на Сеат Ибраими, кое се случи сред бел ден во ноември 1997 година во центарот на Скопје.

Пред да биде убиен Ибраими имаше автомобилска брканица, по што тој излетал од патот, а Боцевски излегол од неговото возило и ладнокрвно го застрерал со неколку куршуми.

Тој побегна од домашен притвор. Сега Грција конечно ќе треба да го екстрадира во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести