Од втората делница од железничката пруга кон Бугарија се завршени 36%, а напредокот кај конструктивните работи е 31%, информираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Станува збор за железницата на потегот Бељаковце–Крива Паланка, која е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море.
Проект опфаќа изградба на три нови станици – Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници.




Мостовите се високи и до 61 метар.
Во рамки на проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и вкупно 125.000 кубни метри бетон.
На истата возовите ќе сообраќаат со брзина од 100 до 120 километри на час.
Николоски очекува до октомври 2028 година тука веќе да оперираат возови.
За целосно поврзување останува уште третата делница, за која веќе е објавен тендер за избор на надзорен орган, а во следните неколку недели, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија, треба да биде објавен и тендерот за изведба.
Фото: Влада













