(Фото) Нема крај на дивеењето по скопските улици: По судир на два автомобила, едниот заврши во жардиниера на „Партизанска“

На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „ауди А-5“ управувано од Е.С. (20), исто така од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С., како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21), констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување.

Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје, а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари, велат од МВР.

Фото: Локално.мк/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести