(Галерија) Како изгледа реновираниот оперативен блок во болницата „8 Септември“

Реновиран е оперативниот блок во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.

Реновираниот дел од болницата сега има седум специјализирани операциони сали, реновиран е Одделот за интензивна и административните канцеларии, Одделот за патологија и клиничките лаборатории и придружни простории на Одделението.

Реконструирана е и кровната конструкција.

Истите во функција ќе бидат ставени најкасно за два месеци.

Реновирањето е инвестиција на ТАВ Македонија, вредна 12 милиони евра.

„Инвестиравме вкупно 12 милиони евра во реконструкцијата на оваа болница и од денес „8 Септември“ добива целосно реконструиран и модернизиран оперативен блок.

Вкупната површина на реконструкцијата опфаќа 4.334 метри квадратни, а дозволете ми подетално да Ви ја претставам: седум специјализирани операциони сали (634 метри квадратни), Оддел за интензивна нега (460 метри квадратни), административни канцеларии (620 метри квадратни), кровна конструкција (1.820 метри квадратни) и Оддел за патологија и клинички лаборатории (800 метри квадратни), како и придружни простории.

Додека ги споменувам овие метри квадратни, важно е да се нагласи дека сите овие операциони сали и простории за интензивна нега се опремени со најсовремена опрема и се во согласност со најновите медицински стандарди и препораките на Светската здравствена организација.

Веруваме дека секој пациент заслужува достоинствени услови за лекување, а секој здравствен работник заслужува современи услови за работа,“ изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести