Газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој беше во Истанбул, се вратил во Македонија

Сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари во случајот за злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, а деновиве беше во Истанбул, Турција, со времен пасош, бидејќи истиот му е одземен, се вратил во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Газдата на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски со времен пасош во Истанбул

Освен што е без пасош, за него има и мерки на претпазливост, односно треба да се јавува секој први во месецот во Основниот кривичен суд Скопје.

Од таму за државната агенција МИА, потврдија дека денеска го направил тоа.

Јахоски излезе од притвор со гаранција од над 2 милиони евра.

Заега е нејасно кој му дал времен пасош за да патува во странство за дипломирање на член на семејството.

Од Кривичен претходно потврдија дека тој користел времен пасош за да патува во странство и дека во текот на минатиот месец од страна на неговата одбрана било доставено барање за враќање на патната исправа, односно издавање на нова, кое било одбиено од Кривичен, по што по добиената жалба, предметот бил доставен на постапување во Апелациониот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуцко петрол склучи договор од 1,9 милион евра со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

Фото: Фејсбук/Јахоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести