За судијата Ѓоко Ристов засега нема притвор оти има имунитет: Кој може да му го одземе?

Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов е во фокусот на јавноста, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата, ги смета овие пари за сомнителни и бара уште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не кажува каде е судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

350.000 евра најдени во домот на судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација, биле скриени во ѕид

Засега за него нема барање за притвор или друга мерка.

Тој има судски имунитет, па ако Обвинителство побара притвор за него, седница ќе треба да одржи Судскиот совет, кој може да му го одземе истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид

За тоа се потребни седум гласови на членови на Советот, кој има 15 членови, но само 13 имаат право на глас.

Според Законот за Судски совет, постапката во која Советот дава согласност по барањето за одобрување притвор на судија е итна и се спроведува во рок од 24 часа од доставеното барање.

Според Законот, имунитетот исто така може да му се одземе ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Како што информираа од Обвинителството претресот во домот на неговите родители, но и на други локации е проширување на истрагата од 14. декември во која е осомничен поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа.

Како што е познато тој е осомничен за примање поткуп од 50.000 евра кои ги добил од сестрата на осомничениот за случајот “Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, за да влијае кај судија на Апелација тој да не оди во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести