Александар Мијајловиќ, кој српските органи го сметаат за организатор на групата, осомничена во случајот со заплена на пет тони марихуана во село кај Крушевач, Србија е косопственик на друга фирма за медицински канабис во Македонија, објави Призма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија
Станува збор за „Грин лајф“ од Валандово, формирана во 2018 година.
Лиценца за овој бизнис добила во 2019 година, а како што пишува Призма, низ годините нејзини сопственици биле македонски државјани и фирми од Србија, претежно од Крушевац.
Во 2018 година сосопственик станала „Расина инвест“, а две години подоцна, „Иван промет“ од Валандово. Од 2021 година до денес „Грин лајф“ е во сопственост на фирмата „Бионатуралс“, каде што сопственици се Мијајловиќ и Огњен Николиќ, пишува Призма.
Оваа фирма засега не се појавува во официјалните информации за истрагите на македонските и на српските органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се условите за да фирма добие лиценца за производство на медициниска марихуана
Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија
Фото: Унсплеш














