Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 72,50 денари, а на дизелот 65 денари за литар.
За половина денар поскапува и маслото за горење. Неговата нова цена ќе изнесува 64 денари за литар.
Поскапува и цената на Мазутот М-1 НС за 1,042 денари и тоа сега ќе се продава за 33,649 денари за килограм.
Фото: Unsplash














