еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат до денар и пол

Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол.

Согласно оваа нова одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 66 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 68 денари за литар, а дизелот за 55 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска Банка Битола ја зголеми добивката за 80,82% во првите девет месеци

Редакција

Илија Тозија од лични причини не сака да биде член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Нова цена на горивата од полноќ

Редакција