Град Скопје изрече казни кон правни лица – загадувачи, скопјани да пријавуваат на електронска пошта

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски информираше дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи.

„Во изминатите два дена беа спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција!

Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје излезе и со низа препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои се јавно објавени и достапни за сите граѓани,“ информираше Ѓоргиевски на својот Фејсбук профил.

Тој ја истакна и заложбата на Владата, во кои како мерки ги истакна Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенциите за инвертер клими, поставувањето прочистувачи на воздух во градинките во Скопје, масовното пошумување низ државата, гасификацијата, изградбата на две когенеративни централи на влезовите во Скопје, како и новите паркови со клупи со вградени прочистувачи на воздух и многу други мерки.

Ѓоргиевски ги повика скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: [email protected]

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести