Горан Трајковски, градоначалникот на Општина Делчево, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), бидејќи вработил лице кое исполнувало услови за пензија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за градоначалникот на Делчево
Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, а според МВР, со ваквата одлука и нанел штета на Општина Делчево од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плати.
Тој пак вели дека работел согласно законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Делчево кој заработи кривична вели дека работел по закон
еМагазин го разгледа анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.
Каков имот пријавил
Нема пријавено никаков недвижен имот.

Единствено нешто што пријавил се две возила. На свое име пријавил “мерцедес бенз“, а на име на сопругата “фиат“.