Кривични за четворица градоначалници на опозицијата пред локалните избори

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски е последниот градоначалник од опозициските партии кој заработи кривична пријава пред престојните локални избори, закажани за 19. октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за градоначалникот на Делчево

Тој доаѓа од редовите на СДСМ, а кривичната ја заработи од Министерството за внатрешни работи (МВР), бидејќи вработил лице кое ги исполнувало условите за пензија. Осомничен е за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој пак вели дека работел според законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Делчево кој заработи кривична вели дека работел по закон

Каков имот пријавил градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој доби кривична од МВР

Кои други градоначалници заработија кривични пред престојните локални избори

Пред него кривична оти дозволил доизградба на објект без важечко одобрение и со тоа ја злоупотребил службената положба од МВР заработи уште еден градоначалник од редовите на СДСМ, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за градоначалникот на Крива Паланка за злоупотреба на службената положба и овластување

Каков имот пријавил градоначалникот на Крива Паланка, Митовски, кој заработи кривична од МВР

Во неговата реакција за кривичната тој посочи дека истата била „режимски конструирана“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Срамна и целосно режимски конструирана е кривичната против мене, вели градоначалникот на Крива Паланка

Кривична од МВР заработи и градоначалник на Општина Кичево од редовите на ДУИ, Фатмир Дехари. Тој се сомничи за несовесно работење во службата и загрозување на животната средина и природата со отпад, бидејќи дозволил формирање на дива депонија на повеќе илјади квадратни километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kривична за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го оштетил буџетот за околу 4 милиони денари

Каков имот пријавил Фатмир Дехари, градоначалникот на Кичево, кој заработи кривична оти го оштетил буџетот за 64 илјади евра

Кривична од Управата за финансиска полиција пак доби уште еден градоначалникот од СДСМ, градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, бидејќи давал лажни одобренија за градба и реконструкција на улици. Тој ги отфрли наводите од кривичната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалник на Росоман, кој заработи кривична од Финансиската полиција

Градоначалникот на Општина Росоман, Николов ги отфрла наводите од кривичната од Финансиската полиција

Градоначалникот на Росоман заработи кривична од Финансиската полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести