Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов е во фокусот откако од Управата за финансиска полиција заработи кривична пријава поради сомневање за злоупотреба и фалсификување на јавни исправи и ненаменско користење на општински средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Росоман заработи кривична од Финансиската полиција
Како што информираа од Финансиската полиција тој во периодот од 2022 до 2023 година спротивно на законот изготвил шест лажни јавни исправи – четири одобренија за градење и две за реконструкција на улици.
Тој ги надминал и злоупотребил и средствата за трошоци за репрезентација, горива и масла, како и за прехранбени производи и пијалаци.
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник на Општина Росоман.
Каков имот пријавил
На свое име нема пријавено ништо.

Единственото нешто што го пријавил е на име на родителите – градежно изградено земјиште во Росоман, од наследство.
Фото: Фејсбук/Николов