Стојан Николов, градоначалникот на Општина Росоман, на прес-конференција ги отфрли наодите од кривичната пријава која му ја поднесе Управата за финансиска полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Росоман заработи кривична од Финансиската полиција
Тој вели дека не ја злоупотребувал својата службена положба, дека не фалсификувал јавни исправи и дека не трошел ненаменски општински средства, за што ја доби кривичната.
Информираше дека од Финансиската полиција ја посетиле Општината пред девет месеци, а тоа што сега ја добива кривичната, според него, е политички мотивиран потег, пред престојните локални избори.
Кажа дека Општината ја води чесно, транспаретно и одговорно.
-Сите знаат дека не сум криминалец, кажа тој меѓудругото и ја повика Финансиската полиција да влезе и во другите општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил градоначалник на Росоман, кој заработи кривична од Финансиската полиција
Фото: Фејсбук/Николов