Градоначалникот на Росоман заработи кривична од Финансиската полиција

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов заработи кривична од Управата за финансиска полиција.

-Пријавениот С. Н., како градоначалник на Општина Росоман, во текот на 2022 и 2023 година, дејствувал спротивно на Законот за градење чл. 58 став 2 (Службен весник на РМ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 138/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 154/14, 194/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16 и 35/18), а во врска со член 205 став 1 и чл. 209 од Законот за општа управна постапка (Службен весник на РМ бр. 38/05, 110/08, 124/15 и 65/18) на начин што изработил 6 фалсификувани јавни исправи, од кои 4 одобренија за градење и 2 одобренија за реконструкција на улици.

Истите во текот на 2022 и 2023 година ги употребил како вистински во правниот промет, а при тоа иако бил должен не ги водел во јавната евиденција, односно, во информацискиот систем „е-Одобрение за градење“, на кој начин за период од 2022 до 2024 година искористени се парични средства во износ од 14,023.318 денари обезбедени од страна на Центар за развој на Вардарски плански регион – Биро за регионален развој, парични средства во износ од 6,740.517 денари обезбедени од страна на општина Росоман и парични средства во износ од 15,134.066 денари обезбедени од страна на Министерство за транспорт, на кој начин спротивно на законските прописи за период од 2022 до 2024 година со изготвување на 6 лажни јавни исправи, одобренија за градење и реконструкции на штета на буџетот на општина Росоман, Центар за развој на Вардарски плански регион – Биро за регионален развој и Министерство за транспорт противзаконски искористени се парични средства во вкупен износ од 35,897.901 денари со што пријавениот го сторил кривичното дело фалсификување исправа чл. 378 став 1 и 3, а во врска со член 45 од КЗ на РСМ.

Пријавениот, свесно и со умисла да прибави незаконска имотна корист, како градоначалник на Општина Росоман од 08.11.2021 година, ги надминал предвидените износи во Буџетот на општината за трошоци за репрезентација, одобрени од Советот на Општина Росоман, и тоа за 2021 година за 184.744 денари, за 2022 година за 800.348 денари, за 2023 година за 821.821 денари и за 2024 година за 310.662 денари.

Исто така, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општината за трошоци за горива и масла (моторни возила), одобрени од Советот на Општина Росоман, и тоа во текот на 2022 година за 159.351 денари и во 2023 година за 44.102 денари, потпишувајќи и овозможувајќи од сметката на општината Росоман да се исплатат парични средства за нафтени деривати за возила кои не се во сопственост на општината.

Ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општината за трошоци за прехранбени производи и пијалаци, одобрени од Советот на Општина Росоман, и тоа за 2021 година за 40.188 денари, за 2022 година за 135.440 денари и за 2023 година за 66.920 денари, набавувајќи производи кои не се за потребите на општината, односно, купени биле повеќе видови на млечни и сувомеснати производи, поголеми количини на алкохолни пијалаци и друг вид на производи кои по својата природа се наменети за домашна потрошувачка.

Неосновано склучил договори за вршење на определени работи од областа на управување со градежно земјиште во сопственост на РСМ со лица вработени во Општина Кавадарци за 2023 година на износ од 242,000 денари, на кој начин пријавениот злоупотребувајќи ја службената положба и овластување пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман за 2021 година износ од 226,811 денари, за 2022 година износ од 1,081.059 денари, за 2023 година износ од 1,183.597 денари и за 2024 година износ од 384,862 денари, односно, за период од месец ноември 2021 година до месец септември 2024 година пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман вкупен износ од 2,876.329 денари, со што пријавениот го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ, велат од таму.

Фото: Николов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести