Граничниот премин Богородица ќе се проширува со три ленти

Граничниот премин Богородица ќе биде проширен со две ленти и уште една за влез на товарен сообраќај, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

За во иднина се планира товарниот сообраќај да се пренасочи преку посебен граничен премин.

Грција исто така најави реновирање на граничниот премин Евзони.

За време на летната сезона, чекањата на границата со Грција се и по неколку часа, а патот помеѓу двете граници е со дупки.

Фото: Општина Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести