Грција објави мапа на кои места е забележана рибата-зајак, ја има речиси секаде

Грција објави мапа на кои места ја има рибата-зајак, а од она што може да се забележи е дека ја има речиси секаде.

Оваа риба веќе предизвикува паника кај туристите, по каснувањето на жена на првиот крак на Халкидики, а во вториот случај кај Патра, каде се уште не е потврдено дали станува збор за овој вид на риба.

Грчките власите на рибарите им исплаќаат 5,33 евра по килограм уловена риба-зајак, а на одредени места поставуваат пловечки заштитни бариери.

Станува збор за екстремно отровна риба. Отровот дејствува брзо – го блокира преносот на сигнали помеѓу нервните и мускулните клетки.

Во случај на консумирање, или во екстремни случаи преку крвотокот по каснување, се јавува целосна парализа на мускулите. Жртвата останува свесна, но не може да се движи, а смртта настапува поради прекин на респираторната функција или колапс на циркулаторниот систем.

Линк до мапата, ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести