Гром предизвика пожар во производствениот погон на BioCosmos во Велес

Велес вчера го зафати силно невреме, и градот беше еден од најпогодените од силни врнежи од дожд и град. За време на процесите, гром удри во производствениот погон на BioCosmos и предизвика пожар.

„За среќа, пожарот е под контрола и нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.

Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.

Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција,“ велат од компанијата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести