Имаме индиции дека избеганиот Артан Груби е во регионот, вели Мицкоски

Во интервју за телевизијата Алсат М, премиерот Христијан Мицкоски, прашан каде е бегалецот Артан Груби, кој е поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, одговори дека има индиции за сите бегалци, додавајќи дека некои лица се во регионот, а некои подалеку.

Премиерот кажа и дека потерницата за него е испратена и сега требало државите коишто биле наши партнери да дадат одговор каде е Груби.

-Кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава, со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор, рече тој, посочувајќи дека Груби “кукавички избегал“.

Шест месеци нема официјална информација каде е Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалецот Артан Груби се крие во Албанија?

Мајката на Артан Груби го брани, го гонеле како во комунизмот

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести