Хигиена во домот – првиот чекор кон здрав живот

Ако знаеме дека „хигиената е половина здравје“, тогаш живеењето во чист дом претставува барем половина од таа половина. Како што полека влегуваме во последните денови од летото, доаѓа времето за последната летна „чистка“, кога непотребните работи се исфрлаат од домот, а останува само пријатниот мирис и атмосфера на чисто место на живеење.

Понекогаш знае да биде предизвикувачки да се балансира помеѓу секојдневните обврски, интеракцијата со најблиските и животниот стил. Но, со добра организација и следење на нашите совети, ќе успеете да направите се’ да блеска и да воведете ред во домот.

Без разлика дали живеете сами, со родителите, со партнер или пак со децата, една работа е сигурна – домот мора да биде место каде сите, ама апсолутно сите, се чувстуваат сигурно и безбедно. Тоа е место каде поминуваме најголем дел од животот и го поврзуваме со чувство на припаѓање, па затоа треба да биде чисто и уредно, со цел да ни ја даде удобноста која ја посакуваме. Затоа, најдобро е да се започне со мали чекори и мали предизвици, па полека да се помине кон поголемите.

Прво што треба да го напушти домот е сето она што не е потребно и не се користи – било тоа да се пластични предмети, скршени и оштетени апарати за домаќинство или пак само обичен отпад кој се’ уште не го нашол патот до корпата за отпадоци. За оваа операција ќе ви бидат потребни ракавици и повеќе ќеси за отпад со голем капацитет, за да ги поминете сите соби, ходниците и подрумот или пак дворот.

Следниот чекор е да се навлезе во деталите, односно да се исчистат сите оние места кои понекогаш ги забораваме или ги игнорираме при чистењето. Накратко, тоа би одело некако вака: исфрлање и менување на ќесите за отпад во кантите за отпадоци во кујната и купатилото, чистење на апаратите за домаќинство (особено рерната, тостерот, микробрановата и секое друго место кое доаѓа во контакт со храната која ја јадете), полиците за книги, лустерите и столните ламби. Дезинфицирајте ги далечинските управувачи, променете ја постелнината и проветрете. А потоа, почувствувајте како свежината полека го исполнува вашиот дом.

За крај, преминете на финесите и на одржувањето на хигиената во домот. Во секоја од собите треба да има влажни марамици за чистење, за да може брзо да се реагира ако нешто се истури или извалка, но и за да служи како потсетник дека чистиот дом е сечија обврска. Ставете квалитетен и долготраен освежувач за WC школка во купатилото, обновете го освежувачот за воздух во дневната соба и променете го сунѓерчето за садови во кујната. И сега, домот конечно блеска!

Чистењето на домот неверојатно многу помага и за прочистување на мислите – додека чистите полека ќе почувствувате како умот се разбиструва и се полни со среќни мисли. Затоа бидете мудри и од оваа рутина направете терапија за себеси. Се’ што ви треба е малку волја и енергија, а сите производи кои ви се потребни за чист дом можете да ги пронајдете во дрогериите на dm drogerie markt.  

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести