Вчера по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес извршиле претрес во домот на Г.П. (59) од селото Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2.000 денари и еден мобилен телефон.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство: Наводи за изборен поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе
20 пријави за нарушување на изборниот молк