(Вознемирувачки видеа) Од семејствата на загинатите во Иран режимот бара пари за да им ги предаде нивните тела

Во Иран се уште нема интернет и има ограничување на мобилната комуникација, а од земјата сепак стигнуваат информации, пред се од активисти и граѓани кои успеале да ја напуштат земјата.

Се претпоставува дека бројот на загинати во антивладините протести, кои почнаа на 28. декември се брои во илјадници, информација која ја потврди и власта, а како што пренесуваат повеќе светски медиуми, од семејствата на загинатите, режимот бара пари за да им ги предаде нивните тела.

Сумите достигнуваат и над 5.000 евра, пари кои многу граѓани ги немаат.

Засега нема најава за никаква интервенција на САД во земјата, иако американскиот претседател Доналд Трамп тоа го најави неколку пати.

На социјалните мрежи се појавуваат и нови снимки од насилството на режимот, погребите на загинатите…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени нови вознемирувачки снимки од убиените демонстранти во Иран

(Видео) Празни улици и погреби во Иран, додека се очекува акција од САД

Фото: Унсплеш/видео: социјални мрежи/Iran Freedom/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести