Министерството за финансии соопшти дека е исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари или 19,4 милиони евра од Централниот Буџет кон Развојната банка на Северна Македонија. Овие средства се директно наменети за поддршка на инвестициските проекти на домашните компании.
Оваа финансиска поддршка се обезбедува под поволни услови преку рамката на унгарскиот заем.
Со оваа исплата, вкупната сума која е исплатена кон домашната економија преку оваа мерка, од Финансии велат дека е достигната на 190,5 милиони евра. Мерката има за клучна цел да го поттикне и засили инвестицискиот циклус во приватниот сектор.
Во Буџетот за оваа година се предвидени вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестиции. Очекувањата се дека оваа државна поддршка ќе покрене приватни инвестиции во вредност од околу 300 милиони евра.
Претходно во август беше исплатена петатта транша од 700,9 милиони денари, односно 11,3 милиони евра.
Компаниите имаат пристап до кредити со рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Каматната стапка изнесува 1,95 проценти без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата.
Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност, а во целиот проект се вклучени сите 13 банки.