Јавни опомени од Берзата за ДС Смитх, Пелистерка и ФАКОМ

На друштвата ДС Смитх АД Скопје, Пелистерка АД Скопје и ФАКОМ АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето, усвоени од Собранието на акционери, со што друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, информираа од Македонската берза.

-На друштвoтo Факом АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, исто така му се изрекува мерка јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидиран консолидиран биланс на успех – за периодот 01.01.2026-31.03.2026 година, со што друштвото не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести