Акцијата на Комерцијална не е најтргувана на Берзата во јуни, чија акција остварила најголем промет

По подолг период акцијата на Комерцијална банка АД Скопје не е најтргуваната на Македонската берза.

Како што покажува билтенот на Македонската берза за јуни, најтргувана за тој период е акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со која е остварен промет од 106,7 милиони денари.

Втора е акцијата на Комерцијална банка со која е остварен промет од 92,1 милиони денари, а трета е акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 66,9 милиони денари.

Во Топ 5 најтргувани се и акциите на Македонијатурист АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстичен раст на прометот на Македонската берза во јуни од 395%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести