Кој е Африм Фидани, кој е избран за претседател на Врховниот суд

Врховниот судија Африм Фидани вчера од страна на Судскиот совет беше избран за нов претседател на Врховниот суд.

Тој доби осум гласови „за“, шест повеќе од неговата претходничка, Беса Адеми, која беше негов противкандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Африм Фидани е нов претседател на Врховниот суд

Кој е Фидани?

Африм Фидани е врховен судија од 2017 година.

Според неговата официјална биографија има завршено право на Универзитетот во Приштина, Косово, во 1989 година.

Како што стои во неговата биографија, во периодот од 1990 до 1996 година работел во просвета на правно административни задачи.

Од 1996 до 2005 година работел во Државниот инспекторат за труд, како републички инспектор за труд во областа на работни односи.

Од 2005 до 2007 година бил секретар на Општина Врапчиште.

Од 2007 до 2011 година работел како адвокат во Гостивар. 

Во јули 2011 година бил избран за судија во Апелациониот суд Скопје, во кривичниот оддел.

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести