Каков имот пријавил Африм Фидани, кој е избран за претседател на Врховниот суд

Нов претседател на Врховниот суд е врховниот судија Африм Фидани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Африм Фидани е нов претседател на Врховниот суд

Тој беше избран од страна на Судскиот совет и доби осум гласови „за“.

Доаѓа на местото на Беса Адеми, која доби два гласа „за„ и му беше единствениот противкандидат.

еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Апелациониот суд Скопје, според податоци на mkopen.org.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Африм Фидани, кој е избран за претседател на Врховниот суд

Каков имот пријавил

На свое име пријавил две куќи во гостиварски Добридол, од кои едната е од наследство.

На свое име има и стан во Гостивар, деловен простор во Добридол, како и градежно и земјоделско земјиште во истото место, кое се од наследство.

Вози две возила – „мерцедес“ и „фолксфаген„.

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести