Каков имот пријавил Буран Алити, кој е разрешен од УО на М-НАВ

Буран Алити, како што објави еМагазин не е повеќе дел од Управниот одбор (УО) на акционерското друштво за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловната навигација, М-НАВ Скопје, во државна сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешен Буран Алити, Фатмир Зимбери е нов член на Управниот одбор на М-НАВ

На негово место е избран Фатмир Зимбери, а во УО остануваат Владимир Ристески, кој е претседател и Климент Чепуњоски.

еМагазин разгледа каков имот пријавил во Антикорупциската комисија кога бил избран за член на УО на М-НАВ.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот, но има четири возила – “мерцедес“, “форд“, “шевролет“ и “мерцедес бенз“.

На име на родителите пријавил куќа во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесир Шабани е нов член на НО на М-НАВ

Ријад Алими не е повеќе член на НО на М-НАВ

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести