Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, е во фокусот на јавноста откако вчера од Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека заработил кривична пријава заради злоупотреба на службена положба и овластување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kривична за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го оштетил буџетот за околу 4 милиони денари
Според МВР, тој го оштетил буџетот на Општината за 64.000 евра.
Имено тој во периодот од 2017 до 2024 година противзаконски склучувал договори за адвокатски услуги со приватни адвокати, иако во Општината постои цел сектор за правни работи со 37 вработени.
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник во 2019 година, според податоци од mkopen.org.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил две куќи во Србица, од наследство, како и земјоделско земјиште.
На свое име нема ни автомобил. Возила пријавил на име на брат му, а дал и податок за неговата тогашна плата.
Фото: Фејсбук/Дехари