Климент Чепуњоски не е повеќе извршен директор за воздухопловна техника во М-НАВ, акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација.
На оваа функција беше од октомоври лани.
На негово место е именуван Милан Кораќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ
Кораќ е поранешен член на Управниот одбор на М-НАВ, а беше и претседател на Одборот.
еМагазин го разгледа анкетен лист кој Чепуњоски го доставил до Антикорупциската комисија кога стапил на директорската функција во М-НАВ.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил стан во скопска Кисела Вода.

Вози „сеат“ и „шкода“.

Пријавил и акции во Комерцијална банка АД Скопје, како и во Сава Ре, Крка и НЛБ Групацијата.


Има и кредит од 1,1 милион денари, кој треба да го врати до 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, кој е именуван за нов извршен директор во М-НАВ
Каков имот пријавил Милан Кораќ, кој е именуван за нов извршен директор во М-НАВ