Какво време нè очекува за продолжениот викенд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендов ќе има исто време. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести