Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева излезе од затворот Идризово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катица Јанева излезе од затвор
Таа доби условен отпуст.
Беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во 2021 година за случајот „Рекет“.
За истиот случај затворска казна од девет години доби и Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше пуштен од затвор поради здравствената состојба во која се наоѓа.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога стана специјална обвинителка, кој го имаме во архива.
Каков имот пријавила
Тогаш на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок.

На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско.
На свое име пријавила и возило ровер 45, а на име на децата возила голф 4 и ауди А6.
Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата.
Тогаш пријавила и четири кредити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвува нова „црна листа“ за Западен Балкан, кој сè од Македонија моментално е на неа
(Видео) Боки 13 го објави првиот дел од документарецот “Рекет“
Фото: СЈО













