Пратениците во македонското Собрание лани за патни трошоци потрошиле 14.369.470 денари, а најмногу пари зел пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Божиновски, 637.233 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците лани зеле 14,3 милиони денари за патни трошоци, најмногу зел пратеникот Кире Божиновски
Меѓу тројцата пратеници кои зеле најмногу пари за патни трошоци се и Петар Ристески, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, 602.187 денари, како и Јован Митрески од СДСМ, 464.150 денари.
еМагазин разгледа каков имот пријавил Божиновски до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил недвижен имот во Ресен и викенд куќа во Коњско.

Вози Рено.

Има и хипотекарен кредит од 1,5 милион денари, кој треба да го врати до 2035 година.
Фото: Фејсбук/Божиновски












