Клековски: Потребни се до две години да заврши заздравувањето на кожата, пациентите да не брзат со естетски корекции

Директорот на Фондот за здравство (ФЗО), Сашо Клековски денеска информираше дека 10 лица, повредени во пожарот во Кочани, во тамошната болница биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити).

Станува збор за иновативна метода што користи плазма од сопствената крв, за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа. Интервенциите биле изведени од тим од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно девет лица биле третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје. 

„Постојано се зборува дека не се прави ништо за повредените. Тоа создава несигурност и неизвесност кај повредените и нивните семејства и веќе има притисок да брзаат, бараат консултации надвор од востановените доктрини и протоколи за третман на изгореници.

Не се препорачува ласер за третман додека не поминат шест месеци. Ќе треба да поминат една или две години за да заврши заздравувањето на кожата пред да почнат естетски корекции. Цело време сѐ додека е потребно ќе биде покриено од државата,“ рече Клековски кој апелираше на смиреност.

Тој потенцираше дека се целосно посветени кон повредените и се во комуникација со соодветните центри за изгореници.

„Ги замолувам повреденитее да се консултираат со директорката на Кочанската болница, д-р Катерина Мирчовски, со стручниот тим.

Во однос на тоа дека е катастрофална состојбата на Болницата, морам да кажам дека се добива впечаток како да нема болница, како да таму нема институција. Таа Болница има редовен буџет од 4 милиони евра, има 50 лекари и 100 медицински сестри. Не збориме за гранапче, туку за здравствена установа со соодветен капацитет,“ дополни Клековски.

Лекувањата биле покриени за сите повредени, и на шестмина кои немале здравствено осигурување. Меѓу потешко повредените се деца, за кои Министерството за образование и наука (МОН) ќе излезе со став за школувањето на тие што се трета или четврта година средно.

Над 40 пациенти биле пријавени за одморалиштето „Пониква“, кои на нивно барање го одложиле заминувањето, бидејќи примале ПРП терапија.

Престојот во Пониква, како што рече Клековски е на доброволна основа, физикална терапија ќе си има и во Општата болница во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Советник предизвика инцидент во Општина Кочани, повредена службеничка, интервенираше и полицијата

По три месеци од несреќата, една пациентка од повредените во пожарот во Кочани се уште е во тешка состојба(Видео)

Во Кочани се уште има угостители кои работат незаконски, в.д. градоначалникот им поднесе кривични

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести