(Фото) Клиника Жан Митрев ја одбележа светската недела на доењето

По повод Светската недела на доењето, тим од Клиничката болница Жан Митрев учествуваше на стручно предавање на тема „Доење: Едукација и поддршка на родителите“, организирано од Доење со љубов и Бебелогија, со цел да се подигне свесноста за важноста на доењето и да се истакне улогата на здравствените работници во поддршката на секое семејство, информираат од таму.

Д-р Рената Димитриоска, специјалист по педијатрија и супспецијалист по неонатологија, која одржа предавање пред многубројните сегашни и идни мајки истакна дека според препораките на Светската здравствена организација, доењето треба да започне уште во првиот час по раѓањето, да биде ексклузивно во првите шест месеци од животот, а по воведувањето на цврста храна да продолжи до две години и подолго. Секој дополнителен месец доење носи дополнителни здравствени придобивки.

„Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната на новороденчињата. Тоа не е само храна, туку претставува биолошка комуникација помеѓу мајката и бебето, обезбедува идеална исхрана, ја зајакнува имунолошката заштита и овозможува најдобар можен почеток на животот.

Научните докази покажуваат дека придобивките од доењето се долгорочни и се однесуваат и на здравјето на детето и на здравјето на мајката. Доењето е многу повеќе од начин на исхрана – тоа е најдобриот почеток што можеме да му го подариме на секое новороденче. Кога родителите добиваат навремена едукација, професионална поддршка и охрабрување, тие полесно ги надминуваат предизвиците и со поголема самодоверба го градат најважниот однос со своето бебе,“ изјави д-р Димитриоска.

-Клиничката болница Жан Митрев промовира, едуцира и ги поддржува родителите со соодветни насоки и активности за започнување на доење во родилиштето и со честите контролни прегледи дава насоки за одржување на доењето до 2 год според строгите препораки на Светската здравствена организација.

Во Клиничката болница Жан Митрев  посветени на создавање средина во која секоја мајка и секое семејство ќе добијат стручна, современа и индивидуализирана поддршка во најважните први денови од животот на нивното бебе.

Поддршката за доењето е поддршка за поздрави генерации, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести