(Видео) „Во судскиот процес се отргнува вниманието од суштината“, порачаа родителите на загинатите во “Пулс“ на 46. марш

Родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, вчера на новиот 46. марш по ред повторно порачаа дека во главниот судски процес за трагедијата се отргнува вниманието од суштината.

Тоа го посочија и по последното рочиште, на кое демостративно го напуштија судењето, откако одбраната на дел од обвинетите поднесе барање за изземање на јавната обвинителка Наташа Сарамандова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пулс“ почнала да работи без исполнување на минималните услови за работа и продолжила така уште 12 години

„Наместо правда пред законот дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур? На последното рочиште не видовме борба за вистината, туку се уверивме колу лесно во судница центарот на вниманието може да биде дозволен бунт, реакција и заштита на обвинетите од вистината.

Дали ова ќе се применува и откако обвинетите ќе ги изведуваат своите докази и на нас оштетените ќе ни дозволи судот да се отргнува вниманието од суштината и од нивната теза?

Еве јавно прашуваме. Напуштањето на судницата од страна на оштетените е поддршка на обвинителката Наташа Сарамандова и на целото Обвинителство што го води овој случај.

Ние нема да се откажеме и натаму да го следиме секој момент и неправда и ќе се бориме до последен момент за вистината“, рече Александар Наунов, татко на загината Надица Наунова.

Видео: Радио Кочани/фото: архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести