еМагазин имаше ексклузивна можност да ја посети актуелната поставка на еден од најпознатите грчки вајари, Јанис Папас, во музеј во Драма, Грција, кој некогаш бил џамија.
Дел од поставката се и негови склуптури на Александар Велики.
Инаку тој е автор на споменикот на војсководецот во Атина, кој беше јавно поставен во 2019 година. Папас, кој почина во 2005 година, уште во 1941 година започнал да работи на споменикот, а делото го завршил во 1972 година.





























Покрај споменикот на Александар, негови познати јавни скулптури се и статуите на грчкиот политичар Елефтериос Венизелос (пред грчкиот Парламент во Атина) и Генерал Макријанис.
Неговото семејно атеље во атинското предградие Зографу, каде што создал повеќе од 700 дела, денес претставува јавен музеј и работен простор за студенти под закрила на Музејот Бенаки.
Џамијата од отоманскиот период која пак денес е музеј и се наоѓа во центарот на Драма, е изградена во 15. век.
Бил обновена во 1806 година и до 1922 година функционирала како џамија.
Во 1983 година и паднал кровот, кој денеска е реставриран, а објектот стана музеј пред неколку години.
Фото: еМагазин














