Кои маски се најдобри за да се заштитиме од загадениот воздух: Скопје утрово втор по загаденост во Европа

Утрово, Скопје е втор најзагаден град во Европа, според светскиот сервис IqAir . Според препораките на надлежните, ако нема потреба подобро не излегувајте од дома, или пак носете маска со докажана ефикасност.

Докажани маски со ефикасност се тие со јаглен кои го прочистуваат воздхот и ги задржуваат ПМ10-честичките.

„Во маската поставен е карбонски филтер N99 кој има степен на заштита од 99% од ПМ 2.5 и ПМ 10 честички, сулфур диоксид и јаглерод моноксид“, се вели во описот на овие маски.

Специјалниот филтер во маската има рок од 40 часа носење, по што е потребно да се промени.

На маската е поставен и вентил кој овозможува воздухот да циркулира во еден правец од маската кон надвор, и на тој начин се спречува создавање на влага и непријатност во маската. Маската е антиалергиска, изработена од 100% памук и е безбедна за децата.

Се препорачува маската да се носи секојдневно во услови на зголемена загаденост. Доколку се оштети или не пропушта доволно воздух потребно е да се замени со нова.

Маските се со различни големини S, M и L и ги има и во сите подобро снабдени аптеки.

Квалитетот на маската е посебно важен доколку возите велосипед или изведувате некакви спортски активности на отворени, бидејќи се вдишува поголема количина на кислород а со тоа и поголема концентрација на ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките.

Маските побарајте ги во сите подобро снабдени аптеки и продавници за ортопедски помагала.

Нивната цена се движи од 300 до 800 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издадени препораки заради загадениот воздух во Скопје

Пред да излезете проверете го квалитетот на воздухот, носете маски со докажана ефикасност, препорачуваат од ИЈЗ

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести