Кои се кандидатите за нов претседател на Антикорупциска

На огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција се пријавиле 13 лица, а првиот филтер го поминаа десет лица, со кои од утре ќе се прават интервјуа.

Изборот следи откако Татјана Димитровска поднесе оставка од оваа функција.

Телевизијата Телма објави дека во дестте селектирани кандидати се Весна Доревска од Скопје, која е дипломиран правник, а беше и помошник-министер за правни работи во Министерството за внатрешни работи, Владимир Наумоски од Скопје, исто така дипломиран правник, со положен правосуден испит и магистер по деловно право, а е член на Комисијата за заштита од конкуренција.

Во селектираните е и Антонио Санев, дипломиран правник и магистер по меѓународно право, исто така од Скопје и е поранешен началник во Министерството за внатрешни работи, Бранко Смилевски од Скопје, кој е дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, актуелен помошник на Главниот ревизор, адвокатите Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит.

Првиот филтер го поминала и Благица Трошанска од Скопје, дипломиран правник и магистер на политички науки, актуелна раководителка на сектор во Министерството за одбрана, проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник, кој е и актуелен генерален секретар на Антикорупциска, и Феузи Џафери од гостиварското село Чајле, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по дипломатија, кој се кандидираше и за функцијата Народен правобранител, но не беше избран.

Од селекцијата испаднале дипломираните економисти Зоран Наумов од Кавадарци и Костадин Кус Иванов од Скопје, како и дипломираниот криминалист Бранко В`чков од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Која е Цвета Ристовска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести