Александар Георгиевски е реизбран за градоначалник на Општина Илинден во првиот круг.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Георгиевски
Рроден е во јули, 1984 година, во Скопје.
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнал со звање дипломиран политиколог.
Магистрирал на Факултетот за политички науки при Универзитет „ФОН” во Скопје во 2013 година, на насока Европска и меѓународна политика и дипломарија.
Политичка кариера и работно искуство
Георгиевски има професионално искуство во повеќе државни институции. Од 2008 до 2014 година работел во Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, како и во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот како помошник раководител на Сектор за услуги на инвеститори.
Од 2015 година преминува во Министерството за труд и социјална политика, кадешто од 2015 до 2017 година е раководител на Секторот за европски интеграции и меѓународна соработка, додека од 2017 година до октомври 2021 година бил раководител на Секторот за стратешко планирање.
На локалните избори во 2013 година за прв пат е избран за советник во Општина Илинден, а од 2017 до октомври 2021 година ја извршувал функцијата претседател на Советот на Општина Илинден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп
Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Фото: Фејсбук/Георгиевски














