Кој е најголемиот акционер во Тиквеш

Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци е во фокусот на инвеститорската јавност поради денешната јавна берзанска аукција на која по моделот „се или ништо“ на продажба се 10.646 обични акции на Друштвото, кои преставуваат 3,94% од основната главнина.

Вчера, како што пишуваше еМагазин, во блок-трансакција пак беа продадени 6.500 акции на винаријата, кои преставуваат 2,40% од основната главина на Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред денешната берзанска аукција продадени акции на Тиквеш вредни 771 илјади евра

Истите беа продадени за 47,4 милиони денари или 771.000 евра.

Почетната продажна цена на пакетот кој ќе се продава денеска е 10.596 денари по акција, односно вкупната почетна сума за целиот пакет акции е 112,8 милиони денари или 1,8 милиони евра.

Кој е најголем акционер во Тиквеш?

Единствен голем акционер во Тиквеш е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,08% од вкупниот број на акции, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Станува збор за Друштво кое го предводи претседателот на Управниот одбор на Тиквеш, бизнисменот Светозар Јаневски, кој е и управител во Друштвото.

Основач, сопственик и управител е и Светлана Пендаровска, а во менаџментот на Друштвото се и Мате Настески, кој е основач и сопственик, Ратко Чадиковски, кој е основач и сопственик, и Снежана Славкова, која е основач и сопственик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел Тиквеш во првото полугодие

Синот на Свето Јаневски, Јане излезе од Управниот одбор на Тиквеш

Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести